(Видео)РУСИЈА ПРОИЗВЕДЕ НОВИ „БТР“-И ЗА МОРНАРИЦАТА: БТР-82А за руската морнарица како еден од најдобрите борбени транспортери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од кадрите кои ги објави Министерството за одбрана на Русија можат да се видат модернизирани амфибиски оклопни транспортери БТР-82А во акција. Овој БТР се разликува од своите претходници по зголемената отпорност, новиот радио систем, топографскиот ориентациски систем ТРОНА-1 и комбинираниот надзорен уред на командирот. Огнената моќ на БТР-82А е зголемена со монтирање на унифициран борбен модул на електро погон и двоен стабилизатор на оружјето.

Командантот на руската Воена морнарица адмирал Владимир Корољов соопшти дека морнаричката пешадија, покрај новите оклопни транспортер, доби и нови беспилотни летала, како и современи артилериски комплекси и системи. Маринците, како што подвлече адмиралот, владеат со „петтиот океан“ (односно Антарктичкиот океан), каде вршат падобрански и амфибиски десанти.

„Во текот на воздушно-десантната обука, војниците скокаат од различни видови авиони и хеликоптери на воено-транспортната авијација, во разновидни климатски услови, од различни висини, и тоа на неподготвени терени. Проблемите со спуштање на тло се во целост совладани“, изјави Корољов.

За квалитетот на морнаричката пешадија исто така сведочи и фактот дека оваа година преку 170 одреди на маринци успешно ги извршија задачите во склоп на антитерористичките групи на бродовите и помошните морнарички пловила, и тоа во најразлични делови на светскиот океан.

Во Русија почна патриотската штафетна трка „Ѕвезда на морнаричкиот пешадинец“. Суштината на овој потфат лежи во креативното раскажување за службувањето на маринците на Тихоокеанската, Црноморската и Северната флота, како и на Касписката флотила, во најразлични делови на земјата. Штафетата тргнува од Балтичката флота, а им се пренесува на морнаричките пешадинци на Тихоокеанската, Црноморската и Северната флота, како и на Касписката флотила.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This