(Видео)СВЕДОШТВО НА БИЗНИСМЕН: Министерот во владата на Заев, Аднан Ќахил со зaкaнa од opужje ми го одзема бизнисот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министер на Заев, со неколку членови од неговото семејство, наводно со oружje му одземале милионски бизнис на лице од Македонија и му се заканиле дека ќе го убиjaт него и неговото семејство. Бизнисменот вели дека сето ова го пријавил во Финансиска полиција, но се плаши дека власта нема да интервенира, со оглед на тоа дека станува збор за владин министер, објави ТВ 21.

Бизнисменот дојде во ТВ 21 со документ што го доставил во Финансиска полиција, и ги претстави неговите докази, ден откако министерот јавно изјави дека тој и неговото семејство добиле закани по живот, од три лица.

Оваа изјава на министерот Аднан Ќахил, ги поттикна лицата кои тој ги спомна, да дојдат во ТВ21 и да се исповедаат за упатените јавни обвинувања на министерот.

Ервин Сејфула тврди дека е жртва на министерот Ќахил и обвинувањата на министерот дека Ервин му се заканил, со неговите двајца пријатели, кои тој ги спомна, како што вели се лага.

За ова, тој јавно во ТВ21 покажа документ, за кој вели дека го доставил и во Финансиска полиција, и поради тоа, како што тврди бизнисменот, отворена е истрага за министерот Аднан Ќахил.

Во предаденото досие во Финансиска политика, кое го имаше на увид и ТВ21, се гледаат телефонски разговори, СМС пораки и други писма за сопственоста на компанијата „Манора Логистик Маркетинг ДОО“. Со овој документ Ервин Сејфула го обвинува министерот Ќахил и неговото семејство, дека наводно насила и со закани по живот му ја одземале компанијата.

 

ТВ21 контактираше и со министерот Аднан Ќахил за да добие одговор за обвинувањата од страна на бизнисменот, но тој одби да одговори и се закани дека ќе ја тужи телевизијата доколку излезе веста.

Второосомничениот кој го спомнува министерот Ќахил, како лице кое му се заканило на неговиот роднина, ја раскажа неговата верзија и за тоа донел и аудио снимки од разговорите со роднината на министерот. Вулнет Селими беше спомнат во интервјуто на министерот, дадено за ТВ21.

Еркан Мамут за ТВ21 рече дека го тужел бизнисменот и неговите пријатели за закана и дека на 19 декември чека да се види со нив на суд, кога почнува судскиот процес за ова прашање. Според него, Ервин Сејгула, немал 90% од акциите во фирмата Манора Логистик и Маректинг ДОО, туку само 1%.

ТВ21 контактираше и со Финансиската полиција за да потврди дали пријавата на Ервин Сејфула е доставена кај нив. Од овој орган, за ТВ21 изјавија дека печатот на архивираното писмо е доволен доказ за примањето на предметот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This