(Видео)СВЕДОШТВО НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ДЕЦА КАЈ СМИЛКОВСКО: Пет месеци правеше кампања со нашиот случај, ветуваше и на крајот ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето гостување во емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов родителите на загинатите деца на Смилковското езеро неодамна изјавија дека биле повеќе пати изманипулирани од Зоран Заев за тој лично да добива политички поени на своето конто.

-Ние со нервоза го следиме процесот, ама добро го познаваме случајот, колку работи можеме да игнорираме и не можеме нормално да живееме ние како вчера да се случи случајот и нормално нема живот во нас. Цврсто сме убедени дека овие се убијците, вели Горан Накевски татко на едно од петте загинати деца.

Инаку во овој процес Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се прво обвинети и осудени како извршители на петкратното убиство кај Смилковското езеро извршено на велики четврток 2012 година.

Накевски вели и дека Заев пет месеци за време на изборите се рекламирал со нивниот случај.

-Господинот Заев пет месеци се рекламираше со нашиот случај и ни пушти порака дека ќе ни ги даде тие пет броеви чувани како државна тајна, ама ништо од тоа до сега. Неговата гаранција видовте колку вреди, истакна Накевски.

Таткото пак на друго од петте деца убиени кај Смилковското вели дека се огорчени од Заев и неговото ветување.

-Ние сме огорчени од самиот Заев, бидејќи многу ни ветуваше и на крајот ништо. На денот на убиството беше велики четврток, тука се многу работи во игра, не може некој без никоја причина да пука во деца, вели таткото на друго дете убиено кај Смилковското.

Сведоштво на родител на едно од загинатите деца во терористичкиот напад кај Смилковско Езеро.Сите права се задржани од продукцијата „Ефтов“ и емисијата „Во Центар“.

Posted by infomax.mk on Tuesday, October 3, 2017

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This