(Видео)СДСМ СЛЕДИ НОВИНАРИ, ИМ СЕ ЗАКАНУВА И НАВРЕДУВА: Активисти на СДСМ го следеле возилото на ТВ Нова, довикувале навреди кон соговорниците и им се заканувале!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Притисоци, следење на новинари и закани кон телевизијата, хулигани кои довикуваат на соговорници, закани пред вклучени камери и полиција која го набљудува целиот тој хаос и не реагира. Така изгледа Македонија на само два дена по изборите, за кои многумина експерти тврдат дека се наместени

 

Во текот на вчерашниот ден екипата на ТВ Нова се упати во Свети Николе со цел да земе изјава од полицаецот Орде Цветановски кој веднаш по завршувањето на изборите беше нападнат од поголема група на хулигани и криминалци, додека со својот син се враќал кон својот дом, каде што хулиганите од СДСМ продолжиле со насилништвото уништувајќи го автомобилот на полицаецот и неговиот стан.

Како тоа да не било доволно, тие продолжиле да го тепаат Цветковски пред неговиот син кој ги молел да престанат.

Ваквиот хулигански напад не престанал само со физичкото насилство. Нападите ги продолжија и провладините медиуми, кои за да ја спинуваат ситуацијата го обвинија полицаецот кој бил тепан и малтретиран за виновен, додека полицијата под контрола на Спасовски и покрај доказниот материјал во форма на видео записи, се обидуваат вината да му ја наместат на Цветановски.

Она што загрижува повеќе пак е однесувањето на локалните членови на СДС во Свети Николе, кои без грам совест и политичка култура, со невидена дрскост и ароганција, почнаа да ја напаѓаат и екипата на ТВ Нова, која беше на работна задача да го евидентира настанот.

Како што сведочи и новинарот на ТВ Нова Наум Стоилковски, само што влегле во градот веднаш биле пресретнати од еден автомобил со група на луѓе внатре, кој ги следел на секој чекор. Онаму каде што застанувале да земат изјава, хулиганите довикуваа навредливи зборови и пцовки до соговорниците на медиумската куќа, упатувајќи и закани дека ако зборат „ќе видат што ќе им се случи.“

Ваквото однесување е крајно неприфатливо, вандалско и криминогено, а единствен пандан на ваквата власт е хунтата.

Хунта, во превод Одбор, се јавува во политички нестабилни држави и ја узурпира државната власт со воен или државен удар (пуч). Во нашиот случај е пуч. Воедно, Хунта е назив за политички одбори и организации. Хунтата сама по себе претставува политичка нестабилност која често им се заканува и на нив самите. Тој недостаток се настојува да се надополни со популистички мерки кои треба да донесат популарност меѓу народот.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This