(Видео)СЕЧИЈ ПОТЕНЦИЈАЛ ЌЕ БИДЕ ИСКОРИСТЕН ВО ПАРТИЈАТА: Христијан Мицкоски со обединувачки пораки по поднесувањето на кандидатурата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Не би рекол дека е извесно, да почекаме да заврши Конгресот па да видиме дали ќе бидам избран, беше првиот коментар на генералниот секретар на партијата и кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите

 

Во врска со обвинувањата дека генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ водел нефер битка, Мицкоски изјави дека се работи за неаргументирани обвинувања, а за ниту едно од нив никој од потенцијалните кандидати нема никаков доказ.

„Сите што ме познаваат како човек и како политичар, знаат дека тоа не е точно, не сум вршел притисок врз некого“, рече Мицкоски, пред почетокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека ги почитува членовите на партијата кои иницираа одложување на конгресот и формирање на колективно претседателство и рече дека ги смета за искусни политичари, чии капацитети можат да се искористат. Не ја отфрла можноста дел од нив да ги задржи во раководството, доколку биде избран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„Партијата е единствена. Партијата била единствена, е и ќе остане единствена. Ако алудирате на инцијативата и на сите оние, мискомуникации кои се случуваа во изминатите денови, јас можам да кажам дека станува збор за мои колеги, за партијци искусни, заедно сме поминале многу партиски битки, сме извојувале многу партиски борби заеднички. Станува збор за едни прекрасни луѓе, прекрасни личности кои со својата конструктивност и со минат труд допринеле многу, и тоа како имаат да допринесат во иднината. Така што нивниот капацитет ќе биде искористен максимално и во идниот период кој доаѓа, а се со цел да го поразиме противникот наш во случајот, а тоа е штетната и деструктивна политика која што владата на СДС ја води во последните седум месеци“ – изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека би сакал да ги види луѓето кои се потпишаа на инцијативата во највисокото партиско раководство, објаснувајќи дека имаат огромен потенцијал. Додаде и дека главен фокус на партијата, ако тој застане на чело на истата ќе биде економијата, подобрувањето на животниот стандард, вработувања и инвестиции.

„Како човек сум демократ, и како човек секогаш, тие што ме познаваат знаат дека јас сум прифаќал различни мислења и со истите тие сум аргументирал сопствени позиции. Се разбира кога аргументите ќе надвладеат таа страна чии што аргументи преовладувале, тоа мислење преовладувало. Дали ова би го генерализирал на полето на ВМРО-ДПМНЕ не би можел во овој момент да кажам, би зборувал во свое име. Сите оние кои ме познаваат, ќе повторам, знаат каков човек сум така што различни мислења кои ќе значат додадена вредност и за себе и за политиките кои што ќе ги водам се добредојдени доколку тие се аргументирани со факти“ – заклучи Мицкоски.

33 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This