(Видео)СЕ ОБРАТИ И СИНОТ НА ПOЧИHATИOT ГРАДОНАЧАЛНИК: Татко ми ме учеше да не бидам синот на Градоначалникот – на Јовановски му салутираа и бродарите во Охрид!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Факултетот за туризам, угостителство и организациони науки се одржа комеморативна седница за охридскиот градоначалник проф. д-р. Јован Стојаноски, кој ненадејно почина во саботата.

Пред присутните било прочитано проштално писмо од студентите на професорот Стојаноски, а потоа свое обраќање имал и неговиот син Димитар.

-Пред неколку дена татко ми си дојде дома на еден час. Веднаш заспа. Потоа го прашав, како можеш така, веднаш да заспиеш? Сине, мене ми е чиста совеста, затоа заспивам бргу – ми рече. Како дете ме носеше на натпревари, ме учеше што е љубов, ме учеше да ги почитувам вредностите во животот – емотивно раскажа синот на градоначалникот.

Покрај Димитар, Стојаноски и неговата сопруга Надица имаат и ќерка. Во интервју за време на предизборната кампања, тој изјави дека најголема желба му е неговите деца кои студираат во странство да се вратат во Охрид, и таму да го градат својот дом.

-Имав можност да го напуштам Охрид, но никогаш не заминав, бидејќи сакам да живеам тука, сакам и моите две деца да ја имаат истата цел. Сакам да се вратат тука, овде да го изградат својот дом, покрај најблиските и пријателите – раскажуваше тогаш градоначалникот.

Стојаноски, кој беше роден во Охрид 1970-та година, дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Во 1999-та година станал Магистер по Маркетинг, а во 2003- година Доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент. Тој беше долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. На Локалните избори 2017-та година беше кандидат за градоначалник на Охрид на коалицијата предводена од СДСМ. Тогаш изјави дека мотив да влезе во градоначалничката трка била неговата желба да придонесе Охрид да биде град со посветла иднина за сите. Погребот на посмртните останки на Стојаноски ќе се одржи во 14 часот на Градските гробишта во Охрид.

И Охридските бродари се простија од градоначалникот Стојаноски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This