(Видео)СЕ ПОДГОТВУВА СЦЕНАРИО КАКО ВО ЦРНА ГОРА: Зоран Заев како Ѓукановиќ почна да се жали за „руски бизнисмени“ кои плаќале насилни протести

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на владата на Република Македонија Зоран Заев во интервју за BuzzFeed News изјави дека има информации за про-руски бизнисмени кои се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи на НАТО, со креирање на насилни протести.

Странци блиски со Русија платиле илјадници долари да предизвикаат насилство со цел да ја спречат Македонија да се интегрира во НАТО, истакна Заев.

Дел од нив се поврзани со медиуми, дел ги охрабруваат младите луѓе да протестираат пред парламентот, да напаѓаат полицајци. Тоа е многу очигледно, додаде тој.

Заев одби да именува кој стои зад плаќањата, спомнувајќи ја истрагата која е во тек и чувствителноста на дипломатските односи кои ја опкружуваат земјата во обидите за членство во НАТО. Тој нагласи дека полицијата дознала за плаќањата по приведувањето на неколку учесници во насилните протести пред парламентот минатиот месец.

Ваквите лаги беа лајт мотив и на протестите кои се одржуваа во Црна Гора и пред две години, кога земјата стануваше членка на НАТО и покрај очигледното несогласување на народот со одлуките на раководството на државата. 

Тогаш, полицијата употреби солзавци, гумени куршуми, борбени возила, водени топови за да ги растера демонстрантите кои започнаа со мирни протести и без насилство. И тогаш во Црна Гора, како и денес во Македонија демонстрантите беа обвинети дека биле финансирани од Руски бизнисмени во државата.

Во Македонија, власта користи политички лидери кои ги инфилтрира помеѓу демонстрантите, кои профилираат како „про-руски“ политичари, кои злоупотребувајќи го руското знаме се обидуваат да се вклопат во сценариото на Заев и да му дадат оправдување и алиби за тврдењето дека „Руски бизнисмени финансираат протести“. 

Ова дотолку повеќе е точно ако се има во предвид дека еден претседател на политичка партија кој го злоупотреби Руското знаме на протестите пред собранието на 17 јуни, качувајќи се на борбено возило, беше оставен на мира од полицијата додека мирните граѓани добија солзавец и гумени куршуми.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This