(Видео)СЕ ПОЈАВИ ПАРАВОЕНА ФОРМАЦИЈА ВО БУГАРИЈА: Комиетет за национален спас повикува на вооружена револуција во Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комитетот за национален спас “Васил Левски “и Бугaрското народно движење” Шипка” формираат специјална бригада за антитероризам”Прва Шипченска Опелченска Бригада”. Тие имаат цел да ја преземат власта во Бугарија, се декларираат како противници на западните сили и НАТО.

Преку социјалните мрежи ги повикаа своите истомисленици на трети март да им се приклучат на планинскиот врв Шипка и да тргнат во револуција. Организаторите велат дека ќе соберат 100 000 луѓе за спас на Бугарија, но и на сите други словенски и православни браќа на Балканот. Тие велат дека сакаат да постават народна власт во Софија.

Критичарите на ова движење велат дека се работи за антиевропска формација која нема реална моќ, но сепак е присутна на теренот. Нејзините членови за време на мигрантската криза беа активни на јужната граница на Бугарија и ги ловеа мигрантите кои илегално влегуваа во земјата.

Борците на оваа правоена формација се сликаат и снимаат со калашникови и воени униформи, а нивниот слоган е – ослободување и спасение.

https://www.youtube.com/watch?v=9-9t7O0fZm8

27 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This