(Видео)СЕ СУДРИЈА ДВА АВИОНИ: Драматична снимка од судир на авиони на аеродромот во Истанбул

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драматичен судир се случи на меѓународниот аеродром во Истанбул-Ататурк, кога патнички авион на Јужно Корејската авиокомпанија Азиана ја пресече опашката на авионот на “Туркиш ерлајнс”, додека се движеше по пистата.

Снимка се појави од моментот кога два авиона се судрија во недела. Јужнокорејскиот авион “Азиана А330”, кој се упатуваше кон Сеул, може да се види како се движи по пистата, и случајно ја уништи опашката на турската авиокомпанија А321 кој штотуку слетал.

Снимките покажуваат дека крилото на јужнокорејскиот авион е сериозно оштетено. Меѓутоа, според извештаите, ниту еден од 222 патници и 16 членови на екипажот на авионот Асиана А330 не биле повредени. Летот што требаше да замине за Сеул беше откажан по судирот.

Азиана ерлајнс, една од двете најголеми авиокомпании во Јужна Кореја, од компанијата го заменија оштетениот авион со друг, кој треба да го напушти Истанбул. Започна истрага за да се утврди кој е виновен.

Сличен инцидент се случил само пред два месеци, кога еден германски авион се судри со израелски авион во Тел Авив пред полетувањето.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This