(Видео)СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Експлозија го потресе центарот на градот Лечестер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две лица се во критична состојба, а четири други се повредени по силна експлозија која уништи зграда во центарот на Британскиот град Лечестер. Полицијата ги предупреди граѓаните да ја избегнат местото на настанот

„Сите итни служби во моментот се справуваат со ова“, изјави полицијата, додавајќи „Ве молиме избегнувајте го местото на настанот“:

Итните служби веднаш се упатиле на местото на експлозијата која се случила во 07.00 часот попладнето по локално време. Противпожарната единица со шест возила го гаснеше огнот кој се разви по силната експлозија која уништи продавница и една семејна куќа. Локалната болница вели дека двајца пациенти се сериозно повредени, а четворица полесно.

„Во моментов се изведува операција за спасување на лица евентуално заробени под урнатините“, соопштија од итните служби. „Сеуште немаме конечен број за повредени и заробени“.

Шеесет домови биле евакуирани како дел од протоколот на итните служби, а патиштата во околината се затворени.

Нема индикации дека експлозијата е поврзана со тероризам, велат од полицијата на Твитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This