April 25, 2024, 12:29 pm

(Видео)СИЛЈАНОВСКА ВО ПЕХЧЕВО: Мораме да го спречиме овој eгзoдуc на младите од Македонија – бeгaaт затоа што тука немаат живот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва кандидатот за претседател на Република Македонија г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова оставри средба со граѓаните од Општина Пехчево каде што говореше за се позачестеното иселување на младите и нивната причина за иселување.

Сите зборуваат како да се спречиме eгзoдуcoт на младите каде што нема млади, не се раѓаат бебиња, наталитетот паѓа, иднината ни е под знак прашалник и си велиме што е она што ги тера да бегаат од овде.

Податоците велат дека 58% од анкетираните од младите, сметаат дека основната причина е лoшитe услови или лoшиoт живот. Е, сега колку е ова во хармонија со основното мото на партијата на власта и коалиционите партии, нели кои не убедуваа дека основната цел во нивната програма, во нивното дејствување е да го вратат животот во Македонија.

Ако е враќање на животот да ги истерате и оние млади кои би било најдобро за оваа земја да останат овде, бидејќи тие се најработно способните, тие се во најплодната восраст, тие можат да направат демократски промени во Македонија, тогаш голем проблем има со животот во Македонија. Тој како да се преселил или како нашите млади луѓе да влеваат живот во некоја од соседните држави најчесто во Италија.

Втората причина заради која си заминуваат младите од Македонија е некаде над 45% дека одат надвор заради лошото образование.

 

Силјановска на средба со граѓаните во Пехчево

Силјановска на средба со граѓаните во Пехчево

Posted by infomax.mk on Saturday, March 2, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This