April 26, 2024, 10:08 pm

(Видео)СИРИЈА И ИРАН ГО НАПАДНАА ИЗРАЕЛ: Доцна вечерва Израелската армија објави дека Ирански и Сириски ракети биле упатени кон Голанската висорамнина, тие возвратиле со бомбардирање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сирените за предупредувањ се огласија во Голанската висорамнина, откако доцна вечерва започна воен конфликт на границата помеѓу Израел и Сирија, а како што вели Израелската армија, вмешани се и Ирански сили кои дејствуваат од територија на Сирија

Израелците кои живеат во близина на тензичната граница со Сирија биле повикани веднаш да се евакуираат и да влезат во скривниците, кои вчера и завчера Израелската војска ги отвори и оспособи за ваков исход.

Луѓе на социјалните мрежи велат дека Израелски тенкови отвориле оган на позиции во Сирија, Израелските авиони иницирале бомбардирање, и дека Сириската артилерија цели врз Израелски мети.

Тензиите во регионот ги активираа Израелските одбрамбени сили (ИДФ) во текот на вчерашниот ден да испратат воена техника, возила, ракетни пресретнувачи во Голанската висорамнина. Израел беше на висок степен на приправност откако официјалните претставници објавија за „зголемена активност на Иран“ во регионот и во Сирија.

„Лансирање на околу 20 ракети беше регистрирано околу полноќ кон позиции на Голанската висорамнина од страна на Иранските ал-Кудс сили“, изјави портпаролот на Израелската армија за новинарите. „Неколку бази се таргетирани“, додал портпаролот, објаснувајќи дека неколку ракети се пресретнати.

Израелската војска соопшти дека ги набљудува нападите со големо внимание.

Кратко понападот, Сириските државни медиуми објавија дека нивните противвоздушни системи се активирале за да соборат нова рунда на Израелски ракети истрелани од воени авиони. На социјалните медиуми се објавени информации дека ракетите биле пресретнати над Дамаск.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This