Додека не почнаа ѕверствата на исламските фанатици и бомбите кои ја уништија секојдневноста во Сирија, во оваа медитеранска земја луѓето живееа во слобода и среќа. Од Сирија во последните четири години стигнуваат само лоши вести откако почна војаната на кој крајот по се изгледа сеуште не е близу. Сите се прашуваат како оваа земја изгледала пред војната и како се живеело.
Таму, во слога живееа христијани и муслимани, верските заедници взаемно се почитуваа, Сирија беше богата држава со развиена култура, а со самото тоа угодна за живот.
- Сирија отсекогаш била отворено општество свртено кон западната култура како ниедна арапска држава
- Сирија е единствена арапска држава со секуларен систем. Исламскиот закон е противуставен
- Пред граѓанската војна која започна во 2011 година Сирија беше единствената земја во регионот без војни и внатрешни конфликти
- Сирија е единствената земја која ги прифаќаше ирачките бегалци без никаква дискриминација, било политичка, општествена или верска
- Семејството на сирискиот претседател Башар ал Асад припаѓа на алвитите, толерантна гранка на Исламот (огранок на шиитскиот ислам). Алавити во Сирија има околу 12%
- Дури пет папи биле од Сириско потекло. Верската толеранција е една од темелните вредности на Сирија
- Околу 10% од сириските граѓани припаѓаат на христијанството. До почетокот на војната во секлурана Сирија, христијаните, шиитите, сунитите, алавитите и Евреите живееа во мир. Исламскиот фундаментализам не постоеше. Христијаните можеа да купуваат земја и да градат цркви. Во останатите арапски земји христијанската популација брои помалку од 1%
- Во Сирија жените не беа обврзани да го покриваат лицето и да носат бурки
- Сириските жени имаат исто право како и мажите на здравствено осигурување и образование
- Сирија е единствената медитеранска земја која сеуште е сопственик на своите нафтени компании. Владата не сакаше да ги приватизира бидејќи тие богатства припаѓаат на народот на Сирија
- Сирија има нафтени резерви од 2.500 милиони барели, а можеше да ги експлоатираат само државните фабрки
- Сирија е единствена земја која ништо не долгува на Меѓународниот монетарен фонд. Сиријците се свесни дека со задолжувањето му ја даваат својата слобода во рацете на гигантски корпорации