April 19, 2024, 10:24 pm

(Видео)СКАНДАЛОЗЕН ИСПАД НА ЗАЕВ ВО СОБРАНИЕ: Премиерот со закани до репортерот на „Инфомакс.мк“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалозно, вака во најмала рака може да се искоментира вчерашното однесување на премиерот Зоран Заев, кој го обвини репортерот на „Инфомакс.мк“ Борислав Стоилковиќ дека „се заканувал на пратеници“, како што вели Заев, според информациите кои тој ги имал


На прашањето, дали се точни шпекулациите во јавноста дека различни групи на пратеници од СДСМ во текот на вчерашниот ден пред гласањето им се заканувале и доставувале непристојни понуди до пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Заев, видно вознемирен и изнервиран му се нафрли на репортерот на „Инфомакс.мк“ обвинувајќи го дека тој (репортерот), се заканувал на пратеници.

„Господине новинар јас само сум сведок на она што го зборуваат пратениците на вашето заканување овдека во Собранието. Да, тоа е срамота. Со пратениците имаше разговор, со сите. И ќе ги видите колку се на голем број, и ќе видите во процесот кој што доаѓа. Разговараме како колеги, како луѓе едни со други. Да, разговарав јас и со пратеници кои што се обвинети за намерата овде во оваа сала да го одземат мојот живот и животот на овие пратеници. Разговаравме, подадовме рака. И така разговаравме и ќе продолжиме да разговараме.“ – рече во скандалозната изјава Зоран Заев.

На барањето да дообјасни, против кој точно се заканувал репортерот на Инфомакс, Заев нервозно изреагира игнорирајќи го прашањето.

Погледнете го скандалот!

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This