(Видео)СКАНДАЛ ВО АРМ: Шеќеринска назначила човек без безбедносен сертификат за прв човек на военото разузнавање!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска назначила за прв човек на военото разузнавање лице за кое има сомнеж за поседување на безбедносен сертификат, објави телевиизја Алфа во емисијата „Несомнено“.

Како што објавува телевизијата, станува збор за полковникот Горан Василевски кој имал безбедносен сертификат, но му бил одземен. Истиот според информациите кои Алфа ги доби од МО и ДБКИ има безбедносен сертификат, кој го добил во месецот во кој бил назначен за началник на Военото разузнавање.

Сомнително е како Василевски добил сертификат за еден месец, за кој законската процедура е до максимум 6 месеци. Дали е испочитуван законот за класифицирани информации или биле направени низа недоследности за полковникот да добие сертификат со степен државна тајна.

Според законската процедура, раководителот на военото разузнавање потпишува барање со кое од ДБКИ бара да се издаде сертификат. Ова во конкретниот случај би значело дека полковникот Василевски потпишал барање со кое бара ДБКИ да му издаде безбедносен сертификат.

Постапката понатака продолжува со тоа што ДБКИ составува ново барање и го испраќа во случајот до Военото разузнавање на лицето да му се изврши безбедносена проверка што во случајот значи дека ДБКИ побарала од Василевски сам на себе да си изврши безбедносна проверка. Кога ќе заврши проверката мислењето пак треба да го потпише Василевски и да го испрати до ДБКИ, по што ДБКИ одлучува дали се издава сертификат, по претходно добиено мислење од институциите кои ги извршиле проверките.

Но се поставува прашањето дали некој сам за себе би потпишал дека постои безбедносен ризик да му се издаде безбедносен сертификат е апсурд само по себе.

Освен низата нелогичности, индикативно е и времето за издвавање на сертификатот. Според членот 51 од законот за класифицирани информации постапката за безбедносната проверка трае најмногу до 6 месеци, а истата со став еден може да биде продолжена поради вонредни околности.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This