April 24, 2024, 11:09 pm

(Видео)СКОПЈАНЕЦ СПРЕЧИЛ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО САД: Пилотот Аријан Превала од Скопје, спречи самоубиствен напад во Конетикат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Расправија која еруптирала помеѓу инструктор по летање и неговиот ученик предзвика авионска несреќа во која благодарение на присебноста на инструкторот беа спасени повеќе животи во градот Мериден во сојузната држава Конетикат

Како што соопштуваат од Националниот борд за безбедност во сообраќајот, овој акт бил намерен, но благодарение на инструкторот била избегната поголема трагедија.

Студентот-пилот, Ферас М. Фреитех (28), од Јордан, во вторникот додека под придружба на инструкторот Аријан Превала од Скопје, изведувал контролен лет, од засега неутврдени причини намерно го урна авионот „Пејпер Па 34A“ насочувајќи го леталото прво во станбена зграда во густо населен кварт, а потоа и во фабрика за воена опрема

Но, „Пејперот“, само поради подготвеноста на инструкторот Превала кој дваесетина минути горе во воздух се борел со разбеснетиот студент, не ја „погоди“ ниту зградата, ниту пак фабриката.

Малиот авион се срушил на улица, избегнувајќи ја фабриката во која во моментот имало преку 300 работници.

Во несреќата загинал Феритех, а нашиот Превала доживеал изгореници по телото за кои докторите велат дека не се животозагрозувачки.

Во моментот ФБИ ја испитува причината за однесувањето на Фреитех, а според неименуван извор весникот „Њујорк Тајмс“ пренеусва дека можеби се работи за обид за самоубиствен напад.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This