(Видео)СКОПЈАНИ ПРКОСЕА НА ЗАБРАНИТЕ И ЗАКАНИТЕ НА ШИЛЕГОВ: Традицијата на Бадникарските огнови продолжи и вчеравечер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со песна, музика и ора, на скромни трпези составени од солидарноста на соседите на секое маало и неизбежната греана ракија, скопјани пркосеа на забраната на градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, кој се закануваше дека ќе изрекува казни за палењето на огнови на отворено

 

И покрај забраната за палење на огнови, заканите за казни и обидите на некои од великодостојниците во црквата народот да се откаже од вековната традиција која барем еден ден во годината ги собира соседите на исто место, скопјани пркосеа со музика, песни и ора, скромна трпеза и неизбежната греана ракија.

Речиси и да немаше уличка, маало, населба во која немаше запалено оган на кој беа собрани сите соседи, кои со своите доброволни прилози ја збогатуваа традиционалната скромна трпеза, која служи како средство за неутрализација на ефектот од греаната ракија.

Некои имаа организирано и кутии за хуманитарни прилози, некои пак си имаа кум кој е задолжен за организацијата на традиционалната прослава.

Она што е интересно е фактот што во текот на вечерта, мерните станици во ниту една населба не покажаа зголемена концентрација на ПМ10 и ПМ2.5 честички, што само докажува дека палењето на огновите нема никаква директна поврзаност со загадувањето на амбиенталниот воздух, или пак ако има таа е минимална. Сепак, од дневно политички побуди, градоначалникот на град Скопје се обиде вината за загадениот воздух наместо на неговата неспособност, да ја препише на граѓаните на градот кои со години ја почитуваат оваа традиција.

 

 

 Репортер
Борислав Стоилковиќ

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This