(Видео)СНЕГОТ ГИ ЗАТРУПА АВТОПАТИШТАТА: Врнежите од снег повторно ги изненадија надлежните, сообраќајот парализиран низ половина Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешните врнежи од снег го отежнаа сообраќајот на повеќе патни правци во државата. Како што може да се види од фотографиите објавени на социјалните мрежи, но и од извештаите на АМСМ, голем дел од патиштата не се исчистени и поради тоа има воведено забрана за движење на камиони, автобуси и автомобили.

Според најновите информации од АМСМ поради лавина на патот, сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар целосно е во прекин. На терен се екипи од граничната полиција, „Македонија пат“ и полициски службеници и според првичните проценки наскоро ќе почне рачистувањето.

Се очекува патот да биде прооден околу полноќ.


Забраната за патнички возила на планинскиот премин Ѓавато сè уште е на сила. Исто така, на сила се и забраната за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – с. Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.

Врнежите од снег предизвикаа проблеми и на Стража. Патот не е исчистен и многу возила останаа блокирани крај и на патот. Според изјави на очевидци, завеани се камиони и автомобили, а среде патот има заглавено комбиња – пренесува порталот А1ОН.мк


Освен снегот, сообраќајот на Стража го отежнува и маглата. Според последните информации од АМСМ, видливоста е намалена до 100 метри.

Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This