(Видео)СНИМКА ОД ИНЦИДEHTOT ВО ВОЛИНО: Полицијата aпcи поради иcтakнyвање на знамето со Сонцето од Кутлеш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска драма се случувала во охридско Волино откако полицијата започнала да приведува навивачи и жители на селото поради истакнување на знамето со Сонцето од Кутлеш. На снимката може јасно да се слушне како командирот објаснува дека насобраните извршиле кривично дело со истакнување на знамето


Тензично и во Охрид и во селото Волино од каде што се приведените лица во охридската полициска станица. По фудбалски меч во регионалната лига, биле приведени неколку луѓе, меѓу нив и еден од фудбалерите, затоа што на трибините се вееле знамиња со сонцето од Кутлеш и затоа што се сканидале навредливи реченици за премиерот Заев и против новото име на државата. Жител на Волино пред полициската станица во Охрид за Алфа изјави дека по кратка расправија меѓу навивачите тројца биле приведени од полицијата, а еден бил претепан.

Се створија тензии, ги блокиравме полициските возила, а потоа, откако ги одведоа во Охрид и ние дојдовме пред полицискта станица – рече очевидецот на настанот во изјава за Алфа.Во Волино велат дека се патриотски расположени, секогаш ги веат знамињата со сонцето од Кутлеш, како и дека очекувале полицијата да направи некаков чекор против нив. За нив, овој инцидент е предизвикан со намера за веќе во селото никогаш да не се појавува знамето со сонцето од Кутлеш.Еден фудбалер на ФК Волино е меѓу приведените кои во моментов се наоѓаат во охридската полициска станиц,а каде даваат исказ за инцидентот што се случил попладнево по фудбалски меч во селото Волино, општина Дебрца

Инаку Дебрца и селото Волино се наоѓаат на дваесетина километри од Охрид во правец на Кичево. Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина соселани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.

Тие тврдат дека се работи за политички реваншизам, а МВР која го потврдува инцидентот вели дека се работи на расчистување на инцидент кој се случил по фудбалски меч од Охридската регионална лига.

На транспортот на тројцата жители на Волино претходела блокада на патот во селото затоа што жителите не дозволувале полицајците да го извршат транспортот на приведените.

Очевидци од Волино тврдат дека тројцата биле приведени дури откако со нив во полициското комбе влегол и градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачевски како гаранција дека приведените ќе бидат пуштени веднаш откако ќе дадат изјави во СВР Охрид.

Истите извори тврдат дека причина за апсењето на тројцата Волинчани е тоа што на трибините се вееле знамиња со ѕвездата од Кутлеш, се скандирале навредливи слогани за премиерот Заев и се скандирале извици против новото уатавно име.

Инцидентот се случил на фудбалскиот натпревар ФК „Волино“ и ФК „Црнобуки“ и според очевидци малку недостасувало да се случи поголем судир помеѓу полицијата и навивачите и жителите на ФК „Волино“.

Во волино вечерва владее вознемиреност, од таму најава дека ако тројцата приведени не бидат веднаш пуштени, утре може да има блокада на регионалниот пат Кичево Охрид.

Од МВР информираат дека во моментов се земаат изјави од учесниците, известен е надлежен јавен обвинител и ќе се постапи согласно напаствијата од јавниот обвинител.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This