(Видео)СОСЕДИТЕ ГО НАРЕКУВАЛЕ МАЛ XИTЛЕР: Дете продавало топло чоколадо за да собере пари за ѕидот на Трамп!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

7-годишното дете од Остин соседите го нарекле мал Xитлeр, бидејќи во текот на викендот поставил штанд и продавал топло чоколадо, за да собере пари за ѕидот на Доналд Трамп. Досега собрал 6.000 долари.

Бентон Стевенс станал интернет сензација откако бил снимен како поставува штанд за продажба на топлиот напиток.

Тој го гледал говорот на Трамп за состојбата на нацијата и дошол до една идеја.

„Сакал да дознае повеќе за ѕидот и кога му објасниле за што станува збор, одлучил дека сака да собере пари за ѕидот“, рекла неговата мајка Џенифер. Родителите на детето се членови на Републиканскиот национален одбор и рекле дека често ги делат своите политички ставови со синот.

„Луѓето мислат дека сме му го испрале мозокот. Секако дека поддржува Трамп поради нас. Мислиме дека не му е испран мозокот, туку само е така воспитан, а ние нашите вредности му ги пренесуваме на него“, рекла мајката.

Постарите браќа му помогнале да го постави штандот, а неговата мајка му помогнала околу напитокот.

За еден час заработил 200 долари, а но не сите ја поддржуват неговата идеја. Соседите го нарекуваат мал Хитлep.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This