(Видео)СО НАЈВИСОКИ ВОЕНИ ПОЧЕСТИ ПОГРЕБАН РУСКИОТ АМБАСАДОР: Се опростија претседателот, премиерот и министерот за надворешни!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадорот на Русија во Турција Андреј Карлов, кој во понеделникот беше убиен во Анкара, е погребан на московските гробишта во предградието Химки

putin_pogreb

Амбасадорот е испратен со највисоките воени почести, свиреше воениот оркестар, а ковчегот беше прекриен со знамето на Руската Федерација.

Опелото е одржано во храмот Христос Спасител. Претходно церемонијата на опростување од амбасадорот е организирана во зградата на Министерството за надворешни работи на Русија. Од него се опростија и претседателот на Русија Владимир Путин, шефот на дипломатијата Сергеј Лавров и премиерот на Руската Федерација Димитриј Медведев.

Лавров на семејството ја предаде ѕвездата „Херој на Русија“.

Андреј Карлов беше нападнат на отварање на изложба во Анкара на 18-ти декември, а од здобиените повреди почина на самото место. Убиецот е ликвидиран во текот на специјалната операција. Напаѓачот е Мевлут Алтнташ, а повеќе од две години работел во турската полиција.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This