(Видео)СО ПЛАЧЕЊE СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Хрватската министерка која yдри девојче со истечена возачка се откажа од функцијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хрватската министерка за регионален развој, Габриела Жалац, која возела со истечена возачка дозвола во моментот кога со своето возило yдpилa дете, поднесе оставка.

Во сообраќајката што се случи во саботата во Винковци, потешко е повредено девојче кое претрчувало преку улица кога министерката на него налетала со возило.

Девојчето било пренесено во болница, а според хрватските медиуми, брзо заздравува.

Жалац денеска низ солзи даде изјава за медиумите во која ја покажа и својата возачка дозвола чија важност истакла уште во 2016 година и изјави дека го дала мандатот на располагање.

Не возев без возачка, имам возачка, но истечена е. На премиерот во саботата му понудив оставка. Му го понудив мандатот на располагање. Не ме оправдува тоа што возачката ми е неважечка. Тоа е сплет на околности. На мојата улица претрча дете, се обидов да го избегнам, а за среќа од спротивен правец не доаѓаше никој, вели Жалац.

Таа и се извини на јавноста и рече дека немала намера никого да згaзи, а возачката која ѝ била издадена во 2006 година е со траење од 10 години, но Жалац вели дека за тоа не била свесна до саботата по нecpеќата. Се очекува денеска премиерот Андреј Пленковиќ да каже дали ја прифаќа оставката на министерката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This