April 26, 2024, 10:56 am

(ВИДЕО)СРЕДНОШКОЛЕЦ ИНОВАТОР: 18-годишниот Марко создаде дрон кој ќе ги чува дрвјата од разболување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со дрон до поздрава животна средина. Детската желба на 18годишниот Марко го поттикнала да создаде дрон кој ќе ги чува дрвјата од разболување.

За неговиот изум тој доби и грант од Фондот за иновации.

Марко е самоук. За технологијата најмногу учи од интернет, бидејќи во земјава нема голем простор каде да ги изучува тоа. Пазарот во земјава за разлика од странство е неспоредлив, вели тој. Се надева дека во иднина технологијата и иновациите во земјава ќе се издигнат на повисоко ниво, па тој ќе може да создава нови изуми и „расте“ во својата професија.

Дронот кој го е негово лично дело, а ни го претстави пред камерата на Канал 5 го изработил за период од околу 3 месеци. Дронот може да оди до 3 километри далеку од местото каде е управувано, а да се крене високо најмногу до 900 метри. Со себе да носи тежина до 2 килограми.

Талентот на Марко го забележала и неговата професорка по математика. Вели дека Марко е вреден и паметен ученик, а неговите изуми ја поттикнале да го пријави на повикот од Фондот за иновации. Според неа лесно е да се напредува, доколку се има јасна визија и желба за тоа.

Ќе ми биде потребна само една година да го изработам дронот за кој добив

грант од Фондот и тој да може да се користи, но најпрво да ни ги одобрат средствата, вели Марко. Тој објаснува дека процедурите се комплицирани, па парите се уште не им легнале на сметка.

Марко го испративме со божиќна желба – грантот од Фондот да стигне побрзо и дронот за борба против загадувањето да го гледаме поскоро како лета и ни ги чува шумите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This