April 25, 2024, 10:39 am

(Видео)СРПСКИ „МЛАДИНСКО-ПАТРИОТСКИ“ КАМП: Во Србија организиран воен камп за деца во кој се изучуваат основни вештини на преживување и одбрана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Златибор е отворен првиот „младинско-патриотски“ камп за деца во Србија, кој го организираат „српски и руски ветерански и патриотски групи“

Се било во ред, додека кампот не се претворил во воен камп во кој децата носат униформи, пушки и имаат воена обука. Тогаш се наметнува прашањето – кој тоа го дозволил?

Има вкупно 44, 34 момчиња и десет девојки. Постарите се од 12 години до 23 години и наместо летен распуст одбрале да учат воени вештини – обучени во воени униформи и со оружје во рацете.

„Во април бев на сличен камп во Русија, тоа ми се допадна и тогаш слушнав дека нешто слично ќе се организира и тука и поради тоа сакав да дојдам“, вели Немања Андрашиќ од Суботица.

„Да научам што е заедница, да се дружам и да научам што е тим“, наведува Тамара Сибичиќ од Нови Сад.

„Тука цело време се случуваат некои војни, тоа никогаш не е на одмет да се знае“, рекол Огнен Поповиќ од Белград.

Организаторите, воени ветерани, истакнуваат дека децата учат преживување во природа а дека оружјето не е вистинско.

„Тоа се вежбовни пушки кои војската некогаш ги користела за свои вежби. Исто така, тоа се алуминиумски пиштоли, и немаат никаква врска со огнено оружје. Ние како воени ветерани сакаме нашите деца да бидат за утрешницата, не дај боже некој да не нападне, да бидат спремни да се бранат“, нагласува Жељко Вукелиќ, учесник во вооружените судири на просторот на СФРЈ.

Организаторите тврдат дека се работи во склад со законот и дека кампот е пријавен како јавен собир. Дозвола, но и финансиска поддршка имаат од општината Чајетина, а за претседателот на општината нема ништо спорно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This