(Видео)СТАВОТ НА БОГОЈЕСКИ НЕ Е СТАВ НА ПАРТИЈАТА: Мицкоски се огради од изјавите на Петар Богојески

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако е тоа изјавено од било кој поединец, без разлика како се вика и без разлика чиј член е, тоа апсолутно не е ставот на партијата – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Инфомакс, откако во текот на вчерашниот ден Петар Богојески на социјалните мрежи изјави дека луѓето кои протестирале против промена на името, всушност и нанеле штета на државата.

 

Ако е тоа изјавено од било кој поединец, без разлика како се вика и без разлика чиј член е, тоа апсолутно не е ставот на партијата. Ставот на партијата беше соопштен, јасно и гласно пренесен на јавноста, дека ВМРО-ДПМНЕ не ги организира тие протести, но ВМРО-ДПМНЕ го почитува елеметнарното и загарантирано со Устав демократско право на граѓаните на Р.Македонија, без разлика дали се политички определени или не се политички определени да протестираат. И тука немаме никаква дилема. Ниту ги охрабрува, ниту ги обесхрабрува. Тоа е Уставно загарантирана одлука на секој граѓанин во Р.Македонија, без разлика дали е политички определен или неопределен – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, оградувајќи се од изјавите на Богојески.

Во текот на вчерашниот ден, Петар Богојески, дел од групата реформатори на социјалните мрежи ги навреди граѓаните кои протестираа за одбрана на името дека нанеле штета на државата, за подоцна да ги етикетира како „рубља патриоти“.

Репортер
Борислав Стоилковиќ

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This