(Видео)СТЕВАНАНЏИЈА МУ ПОДАРИ ВАЗЕЛИН НА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: По цена на еден лубрикант, во Ресен може да се купат 830 килограми јаболка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден лубрикант во Република Македонија чини 415 денари. За 415 денари во овој момент во Ресен можат да се купат 830 килограми јаболка. 830 килограми јаболка за еден лубрикант, појаснува Димитар Стевананџија при гостување во емисијата „Само Вистина“.

Стевананџија на својот противник Богоевски му образложува дека прво со милион ипол евра, работниците во „Еурокомпозит“ можат да земат плата, а не луѓето да молат и да одат да штрајкуваат пред Влада. Со тие милион ипол евра, сто милиони денари за вакви лубриканти требало да се наменат на пример за работниците од „Охис“. Со тие пари исто така владата можела да направи спортски сали, да направи училишта, да не јадат студентите повеќе шајки во нивните оброци.

Стевананџија го запраша Богоевски како борец на „Шарената Револуција“ сега Шарен функционер дали не е подобро тие милион ипол евра да ги насочиле во студентскиот дом „Гоце Делчев“, да не се молат студентите 25 дена да немаат топла вода во 21 век. Дали не е подобро, праша тој, тие милион ипол евра да ги насочиле на општина Битола или на општина Прилеп за да не се зафркаваат со Битолчани, кои добиле 3 автобуси стари 60 години за да се возат деца, да ги ризикуваат своите животи.

-Ги пониживте граѓаните со вакви глупости. Која е компарацијата со потрошени милион ипол евра за лубриканти и милион евра да го решите проблемот на оризарите, посочи Стевананџија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This