April 23, 2024, 10:57 am

(Видео)СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТОТ ОДБИ ДА ОДГОВОРИ: Слушнете што одговорија од Стејт Департментот за тоа дали дипломати на САД вршеле притисок врз пратеници во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот новинар кој живее во Австралија, Саша Узунов, се обиде да добие коментар од Бирото за Македонија при Стејт Департментот во врска со информациите дека врз пратениците во Македонското собрание се вршело притисок од дипломати на САД во земјава, но наиде на ѕид од молк


Узунов ја контактираше Џил Дитрих, раководител на бирото за Македонија при Стејт Департментот, со прашање дали се точни информациите дека во Македонија дипломати на САД вршеле притисоци врз Македонските пратеници во врска со гласањето на уставните измени.

Дитрих одби да одговори и го упати Узунов да ги испрати прашањата по е-мејл. Во новинарската пракса ова е познато како начин за да се одбие коментирање на незгодни прашања од страна на претставници на власта.

Узунов го контактираше и Пол Пфајфер, виш советник во бирото за Македонија при Стејт Департментот, кој исто така го упати Узунов прашањата да ги постави во секретаријатот за медиуми, од каде пак бараа прашањата да бидат поставени во електронска форма.

Освен за притисоците врз пратениците, новинарот се обиде да добие и одговори зошто САД го толерира „Албанскиот нео-нaцизaм“ во Македонија, кој го промовираат политичари како Али Ахмети, Невзат Бејта, Бујар Османи и останати албански политичари во земјава. Според Узунов, доказ за албанскиот нeo-нaцизaм е и споменикот на Џемо Хаса во гостиварско.

Претходно САД ги осуди „нeo-нaциcтичкитe“ потези на десницата во Хрватска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This