April 26, 2024, 11:16 am

(Видео)СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО БЕЛГРАД: Издадено портокалово предупредување – Белград потопен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија издаде портокалово предупредување за поројни дождови, грмотевици и силен ветер во целата земја. Портокаловиот метеоаларм означува опасни временски услови. Во Белград од изутринава врне пороен дожд, проследен со грмотевици.

Сообраќајот е отежнат, а некои улици се целосно под вода. Некои делови на Белград беа зафатени и од град. Невремето причини штета на овошките и на патната инфраструктура во западниот дел на Србија. Поплавени се и голем број куќи во реонот на Пријепоље. Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат опасни временски појави, кои можат да предизвикаат материјална штета и да претставуваат опасност за луѓето и животните. Локалните власти препорачуваат да се избегнува престој на отворено, доколку не е потребно.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This