(Видео)СУДОТ ПОЧНА СО РАБОТА:Продолжи судењето за „Титаник“ – Груевски, Јанкулоска и Јанакиески пристигнаа во судот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во кривичниот суд во Скопје, по летната пауза, денеска продолжи судењето за случајот за изборни измами и злосторничко здружување „Титаник“, во кое е обвинет поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ.

Во судот пристигнаа обвинетите експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, актуелниот пратеник Илија Димовски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер.

Освен нив, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска-Бошковски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се обвинети од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This