(Видео)ТАЛАТ ЏАФЕРИ НА РАСПИТ ПРЕД ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ: Оспорен неговиот избор за Собраниски спикер!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од еден час Талат Џафери даваше исказ во Јавното обвинителство по кривичната пријава поднесена од здружение на граѓани од Битола за неговиот избор за Собраниски спикер


Џафери појасни дека се појавил на распитот како граѓанин, но дека не било во негов домен да ги коментира пријавите на здружението на граѓани, бидејќи тие „можат да кажуваат што сакаат“.

„После Џафери, во Обвинителството пристигна и потпретседателот Горан Мисовски, кој критичната вечер, во тензична атмосфера, го повика Ферид Мухиќ како најстар пратеник да ја стави на дневен ред точката за избор на претседател на Собранието. Мухиќ го стори тоа стоечки, а останатите пратеници од мнозинството, со кревање на рака, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скандираа „пуч“ и „државен удар“, го изгласаа Талат Џафери. За случајот претходно е сослушан и пратеникот Ферид Мухиќ, а не се исклучува можноста, да бидат повикани и други пратеници кои присуствуваа на седницата на 27-ми април.“ – пренесе телевизија Телма.

Таканаречениот избор на Талат Џафери беше спорен бидејќи настанот се случи по затварањето на седницата, надвор од работните часови на Собранието, без соодветен записник и пребројување на гласовите. Дел од пратениците креваа и две раце.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This