(Видео)ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЌЕ БИДЕ СЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Никола Груевски со неочекуван одговор за тоа кој ќе биде следниот претседател на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На прашањето кој ќе биде следен претседател на државата, во интервјуто за „Инфомакс“, Груевски даде неочекуван одговор. Според него, следен претседател ќе биде Талат Џафери кој ќе има задача да испотпише сѐ што не било досега потпишано, па потоа што и да се случи не е важно

– Јас мислам дека нареден претседател, барем некое време ќе биде Талат Џафери. Изборите се така направени, зборувам за изборните денови, да вториот круг на претседателските избори завршува на 5.мај. Мандатот на Иванов завршува на 12.мај, значи на 12 ако не се завршени сите процедури нема да имаме претседател. Многу е мала веројатноста дека меѓу петти и 12 ќе се завршат сите оние периоди за жалба до ДИК, одговор на ДИК, решавање, тужба до еден суд до друг суд, носење на конечна одлука на ДИК за прогласување на кој е победник – кој не. Ова под услов се да биде во ред, под услов да имаме кандидати и во првиот и во вториот круг. Мислам дека неслучајно е направено тоа толку доцна де се поместат изборите, според моето искуство доста е веројатно дека барем неколку дена или можеби некоја недела Талат Џафери како претседател на Собранието ќе ја врши улогата на претседател на државата, вели Груевски во интервјуто за „Инфомакс.мк“

– Не е исклучено дека тоа е и договор помеѓу СДСМ и ДУИ за во тој вакум период да испотпише се што треба да се испотпише и кој дојде после, што и да биде да е веќе завршена работата, додава Груевски во интервјуто за „Инфомакс“.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1746749932137734/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This