(Видео)ТЕНЗИИ И ФАЛСИФИКАТИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Сите записници во Шуто Оризари фалсификувани, полицијата и ЕБР ги бранеа претставниците на ОИК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку 100 полициски службеници, борбени возила, десетици специјалци и кордон на ЕБР рано утринава ја бранеа ОИК во општина Шуто Оризари откако од Сојузот на Ромите обвинија дека сите запиниси од избирачките места во општината се фалсификувани

 

Како што дознаваме, во сите записници на избирачките места во Шуто Оризари биле констатирани неправилности и недоследности, на кои претставниците на Сојузот на Ромите уредно реагирале. Откако нивните претставки не биле прифатени, во општинската изборна комисија пристигнале и официјалните претставници на партијата, барајќи да се направи увид во записниците, по што биле спречени.

Ова било доволна причина на лице место да се појави и лидерот на Сојузот на Ромите Амди Бајрам, кој побарал да се почитуваат демократските процедури и прописи.

Набрзо потоа пристигнал и кандидатот на СДСМ Курто Дудуш со група од околу 50 лица, но исплашени поради безбедноста и претставниците на Сојузот на Ромите на чело со Амди Бајрам ги повикале и своите членови и симпатизери кои дошле во уште поголем број, по што настанала мешаница. Набрзо потоа пристигнала и полицијата, која до рано утринава во голем број беше присутна на лице место.

Според изборниот штаб на кандидатот на СДСМ, тие дошле со групата од околу 50 лица наводно „да ја бранат“ општинската изборна комисија од притисоците на Амди Бајрам, иако немаа одговор зошто претставките на набљудувачите и претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Сојузот на Ромите не биле прифатени.

 

Снимател
Борислав Стоилковиќ

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This