March 28, 2024, 10:22 am

(Видео)ТЕНЗИЧНО ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Жителите повторно излегоа на протест, полицијата сака да ги спречи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на Ѓорче Петров и денеска протестираат пред основното училиште „Мирче Ацев“ каде што завчера беше прегазено десетгодишно дете.Детето беше прегазено од 46 годишен возач на автомобил „Опел Астра“.

Граѓаните бараат да се постават семафори поради брзото возење на улицата „Борис Сарафов“.

Тие велат дека ниту претходната, ниту оваа локална власт не го решава проблемот на „Борис Сарафов“. Жителите бараат од општината да постави лежечки полицајци.

Детето кое завчера попладне беше прегазено е во стабилна состојба, соопштија од Клиниката за неврохирургија, пренесуваат медиумите.

Детето има скршеница на главата, крварење во мозокот и повреда на рамото. Поради ова, е задржано на опсервација.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 19 часот, кога возило „Опел астра“ со скопски регистарски таблички удрило во детето.

По несреќата, револтирани жители на населбата ја блокираа улицата во знак на протест.

Попладнево, жителите на општината повторно се собраа на улицата со цел да ја блокираат, а полицијата се обидува да ги спречи во намерата, предизвикувајќи тензии бидејќи како што велат, протестот е легално најавен и полицијата не смее да ги спречува во намерата да протестираат.

Уште еднаш, повикаа градоначалникот да не се крие и да се појави пред нив.

 

Тензично во Ѓорче Петров

Полицијата сака да ги спречи граѓаните да протестираат

Posted by infomax.mk on Tuesday, April 17, 2018

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This