March 28, 2024, 10:05 am

(Видео)ТЕНЗИЧНО НА ГРАНИЦАТА ПОМЕЃУ КОСОВО И СРБИЈА: Специјалци, војска и опрема на административниот премин Јариње

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Припадници на специјалната полиција се распоредени на преминот Јариње, јавија косовски медиуми. Според Коха, окоу 200 припадници на специјалната единица се во северниот дел од Косовска Митровица. Нив ги предводи шефот на таа единица, Арбнеш Ајвази.

Заменикот на командирот на косовската полиција за регионот Север, Бесим Хоти демантираше дека специјалци се упатиле кон северот на Косово.

Приштина најави дека нема да дозволи влез на територија на Косово на српските официјални лица Марко Ѓуриќ, директор на Канцеларијата за Косово и Никола Селаковиќ, генрален секретар во Кабинетот на претседателот, министерот Владан Вукосављевиќ е вратен од Јариње иако имал најавена посета на манастири, додека министерот Александар Вулин не доби дозвола за посета на семејство во Косовска Митровица.

Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли предупреди дека без дозвола никој не може да велзе на територија на Косово, јави Б-92.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This