(Видео)ТЕРААТ ИНЕТ НА ШТЕТА НА ГРАЃАНИТЕ: Срамни потези на СДС – автопатот Демир Капија-Смоквица е комплетно готов, за инает не се пушта во употреба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Снимките до кои дојдовме покажуваат дека автопатот Демир Капија Смоквица целосно е готов, но Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ не го пушта во употреба пред избори само затоа што е изграден од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Овој автопат е еден од клучните капитални проекти стопирани од страна на Зоран Заев и СДСМ. Илјадници патници се тераат да кружат, само затоа што новата влада свесно го одолговлекува пуштањето во употреба, сакајќи да помине што е можно повеќе време, за потоа пред граѓаните овој капитален проект да го претставува како свој, односно изграден во нивно време.

Според овие снимки, фактичката состојба на терен покажува дека автопатот е готов и подготвен за возење, а се друго е само политичка предизборна игра на новата власт. Со изградбата на овој автопат, патувањето од Гевгелија до Демир Капија е скратено од 40 на 15 минути. Инвестицијата на автопатската делница Демир Капија-Смоквица изнесува 218 милиони евра

Новиот автопат се протега од излезот на Демир Капија преку село Миравци до Смоквица каде што се поврзува со постојниот автопат.Има две клучки, кај Миравци и кај Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина до 100 до 500 метри, шест подпатника и два подпатника.

– Ова е од извонредно значење за сите наши граѓани кои патуваат на оваа делница, но и за туристите вклучувајќи ги и транзитните кои во минатото патуваат низ прилично небезбеден тежок планински пат со многу кривини и небезбедни точки и скоро да немаше година во која немаше жртви на овој пат. Сега веќе имаме извонредно направен пат со високи најпрофесионални европски стандарди, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Николка Груевски при последниот увид на автопатот.

Новата автопатска сообраќајница е широка 25,6 метри со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри. Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица почна во септември 2013 година. Со нејзиното завршување се заокружува целосното автопатско решение на Коридорот 10.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This