Ракета била лансирана кон полициската станица во Истанбул која за среќа не ја погодила зградата, пренесува Ројтерс
Ракетите не ја погодиле зградата, при што се забиле во задниот дел од градината на станицата и во надворешниот ѕид, стои во информацијата на Ројтерс. Засега нема пријавено жртви или повредени, пренесува локалниот канал НТВ.
https://www.youtube.com/watch?v=1VulgJJSHeI
Веднаш по инцидентот полицијата излегла на лице место и го обезбедила поширокиот периметар на станицата, а започнала и голема полициска акција.
На 1-ви Јануари, Машарипов, Узбекистанец изврши терористички напад во Истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ во кој загинаа 39 лица, а речиси 70 беа повредени.