На воениот полигон Капутсин Јар во близина на Астраханската област, денес, беше извршено тест лансирање на проектили од новиот и најсофистициран систем за противракетна одбрана на Руската армија С-400 „Трумф“ од страна на противвоздушната артилерија
Тестирањето беше неопходно за да се проверат калкулациите и прецизноста на системот, која беше мерена преку гаѓање на балистички воздушни цели.
Лансирањето е последна фаза за преквалификација на персонал за употреба на ракетниот систем С-400. Се очекува наскоро овие системи да влезат во борбена должност во регионот Волга.
https://www.youtube.com/watch?v=M27shDu6gJo&feature=push-u&attr_tag=8bPwLpKDfxO0T3VH-6