(Видео)ТОЈ Е КОПИЉ И НИШТО ПОВЕЌЕ: Бекир Асани продолжува со навредите до Насер Селмани, овој пат од лично име не како претставник на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Јас сум кажал дека тој е еден копиљ, и пак ќе повторам дека е копиљ, ништо повеќе.“ – изјави функционерот на ДУИ Бекир Асани во телефонска изјава за телевизијата ТВ24, откако вчера пред владата се одржа новинарски протест поради заканите кон претседателот на ЗНМ Насер Селмани

 

 

Според Асани, Насер Селмани е „само копиљ и ништо повеќе“, објаснувајќи дека тој тоа го зборува лично, а не како функционер на ДУИ или како дел од владата. Асани тврди дека тој нема информација дека неговиот брат му се заканувал на претседателот на новинарското здружение Насер Селмани.

Асани додаде дека не може да зборува во име на владата ниту во име на ДУИ, а во врска со заканите кои ги испраќал неговиот брат до новинари кои објавувале информации за тепањето на полицајката.

Бекир Асани, висок функционер на ДУИ пред две недели нападна полицајка која сакала со помош на пајак-возило да го крене неговиот џип во близина на ТЦ „Мавровка“. По средбата со министерот за внатрешни работи, полицајката го смени исказот и објасни дека самата се удрила.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This