(Видео)ТРЕТ ДЕН ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДРИСЛА: Шилегов носи ѓубре од цела Македонија, ги труе жителите на Драчево и Пинтија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трет ден граѓаните на населените места кои живеат во близина на депонијата Дрисла денеска повторно излегоа на протест.

-Јас сум од село Варвара и претседател на месна заедница и ова е голем проблем уште од самиот почеток кога се отвораше Дрисла, ние дадовме отпор, дојдоа специјалните и ја завршија работата ги повлекоа луѓето и ја отворија депонијата. Тоа што е сега проблемот е тоа што во село Варвара од 20 бунари за пиење вода сега нема ни еден и тоа е благодарение на Дрисла.

Тој додава дека сега се шири ужасна миризба, а не па кога ќе се носи ѓубрето од цела Македонија тука. Освен тоа сите куќи ќе се уништат, а истото ќе следува и со природата која ќе се уништи.

-Само поради овие деца тие не треба да го направат ова, ние сами тоа го дозволуваме бидејќи нема никаков закон. Ја молиме и бараме од власта, но доколку таа не прифати ние ќе се бориме како народ и јас како жена за оваа Дрисла. Ако видам тетовска, охридска, албанска регистарска табличка или некоја друга јас лично ќе ги дадам на суд. Јас лично ќе ги дадам на суд за да не патат моите деца и внуци од паѓање на косата и од инфекции, вели Азир Фатиме револтирана жителка на селото Батинци.

Таа ги повика жителите не само на Батинци и Драчево и цело Скопје и Македонија да им се придружи на нивниот протест.

Жителите велат дека протестот ќе продолжи се додека Шилегов не се откаже од намерата целото ѓубре од депониите од поголемите градови да се носи во Скопје и Дрисла.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This