(Видео)ТРИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ЗА ТРИ ЧАСА: Убиен Руски амбасадор, напад во Берлин и Цирих и анти-терористичка акција во Брисел!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

teroristicki-640
Атентат врз рускиот амбасадор во Анкара, камион усмрти деветмина на божиќниот пазар во Берлин, тројца се повредени во престрелка во исламскиот центар во Цирих. Во меѓувреме во Брисел во тек е анти-терористичка акција поради што градот е под засилена полициска контрола

 

Набрзо откако во светот одекна веста за атентатот на рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов, швајцарски медиуми објавија дека најмалку три лица се ранети во престрелка во Исламски центар во Цирих, а најмалку девет луѓе загинаа и 50 се повредени откако експлодираше и камион на божиќен пазар во Берлин.

https://www.youtube.com/watch?v=wHp2Pvcp9Sc

За сите три трагични настани постојат сомнежи дека станува збор за терористички напади.

Во меѓувреме во Брисел затворени се неколку улици и подигнато е нивото на безбедност во градот поради, како што соопштува полицијата анти-терористичка истрага која се спроведува во градот. Голем број на улици биле затворени, а граѓаните биле испратени во нивните домови под полициска заштита.
police2-745327

Пет трамвајски линии биле запрени поради полициски наредби.

Според информациите кои ги пренесува британски Експрес, операцијата била поврзана со терористичка истрага. Според Белгиските медиуми едно вооружено лице е уапсено во операцијата.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This