March 28, 2024, 10:35 am

(Видео)ТУКА СЕ СЛУЧИЛА ТРАГЕДИЈАТА: ОЈО соопшти дека било несреќа, соседите сведочат за хоророт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со скршеница на черепот и крварење во мозокот завршило во болница 14 месечно девојче кое паднало од зграда во скопски Чаир. Поради сериозноста на повредата детето починало кратко време по приемот. Трагедијата се случила кога бабата со внуката се симнувала пешки од седми кат бидејќи лифтот не работел. Според кажувањата на соседите, детето на еден од меѓукатовите се отпуштило од раката на бабата и преку скршениот прозорец паднало пред влезот, јавува Сител.

Подоцна, беше соопштено дека најверојатно паднало од рацете на мајката – пренесе „Фокус“.

Ова е зградата каде вчера попладне се случила трагедијата. Падот од 2,5 метри височина бил кобен за 14 месечното дете. Соседите и станарите од зградата на Архиепископ Доситеј се во шок и не сакаа да зборуваат пред камера. Велат детето било на гости кај бабата и дедото.

– Многу добри луѓе…Детето, мало, мило многу убаво.., велат соседите.

– Не живеам тука, ќерка ми е овде и на телефон ми кажа што се случило, изјавил еден случаен минувач.

Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот. Но она што ги загрижува станарите е зошто лифтот во зградата не работи неколку месеци и зошто да има искршени стакла кои се потенцијална закана за сите? Од она што го слушнавме пред зграда е дека дел од нив не сакаат да плаќаат и затоа живеат во опасност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This