(Видео)ТУРЦИТЕ КИПАТ ОД БЕС: На социјалните мрежи се шират снимки од уништување на Ајфони и палење долари, откако Трамп воведе повисоки царини за Турција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Состојбата во Турција е алармантна, пренесуваат локалните медиуми, откако лирата доживеа крах, берзите паднаа, а каматните стапки скокнаа. За неволјата да биде поголема, нова мета на Турците е Доналд Трамп

Трамп на Твитер наведе дека односите на САД со Турција „сега не се добри“ и дека одобрил да се дуплира царината на турскиот челик и алуминиум од 25 на 50 и од 10 на 20 проценти.

Турската лира веднаш падна 10% поради стравувањата на инвеститорите поради економските политики на претседателот Реџеп Таип Ердоган и санкциите на САД. По твитот на Трамп, тој пад беше 19%, пренесува Б92.

Турците се бесни поради потезите на американскиот претседател кои доведоа потреси во нивната земја.

Своето незадоволство го покажуваат така што „уништуваат“ се што е американско.

Така на социјалните мрежи се појави снимка каде Турците бесно сецкаат долари, а потоа ги уништуваат своите „ајфони“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This