(Видео)УЛИЦАТА ГИ ДОНЕСЕ, УЛИЦАТА ЌЕ ГИ ПОРАЗИ: Анкета со граѓаните присутни на протестот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Дојдовме да си ја спасиме државата. За Македонија!“ – вели еден од присутните на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ вечерва. Други пак велат дека излегле за да го искажат револтот поради сите грешки од владеењето на СДСМ и нивната коалиција

 

 

„Дојдовме да го искажеме револтот од севкупната состојба во Р.Македонија, за сите грешки на владеењето на СДСМ и нивната коалиција. Значи од потпишувањето на договорт со Бугарија, од потпишувањето на договорот со Грција кај што се продава името на Македонија, катастрофалните еконмски политики, социјални и општествени. Воедно се собираме тука за да го искажеме револтот и да им кажеме да си одат“ – вели граѓанин присутен на протестот.

Пензионерите пак се пожалија дека откако СДСМ е на власт нивниот живот значително бил влошен. Нема покачување на пензиите, напротив се намалуваат. Судството според граѓаните е партиско, а нема ниту слух за најосновните потреби за живот.

Младите апелираат на тоа дека во Македонија е загубена секоја перспектива за иднина. Бараат од Заев веднаш да си замине и да престане тортурата врз државата и граѓаните.

Присутните на протестот апелираа граѓаните да не се плашат на празните закани и уцени, и да не потпаѓаат на притисоците на власта – особено вработените во администрацијата – и слободно да излезат на протести!

Анкета со граѓаните кои протестираа!

Излеговме за да си ја спасиме Македонија, само ВМРО-ДПМНЕ може да ја спаси!

Posted by infomax.mk on Wednesday, November 28, 2018

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This