(Видео)УНИВЕРЗАЛЕН ВОЈНИК: Започна тестирањето на најновиот борбен робот на Руската армија

Поврзано

- Advertisement -
Роботот „Нерехта“ не само што е успешен спој на војник и транспортер, туку и благодарение на нечујниот електромор може да биде и артилериски извидувач кој е во состојба да ги пренесува координатите на целите – пренесува Раша Бијонд
 
- Advertisement -

Тестирањата на борбениот робот „Нерехтa“ се вршат во Владимирската област. Се работи за вистински универзален војник: мобилен, моќен и неранлив. Два борбени роботизирани системи првпат отвораат оган врз своите цели. На едната платформа е инсталиран митралез со голем калибар „Корд“, а на втората митралез „Калашников“ и фрлач на гранати „Аг-30“. Пред мониторот се наоѓаат луѓето кои управуваат со операцијата на гаѓање и кои можат да се наречат „борбени гејмери“. Митралезот „Корд“ е наследник на познатата противтенковска пушка „Дегтјарев“ и се одликува со голема сила и снајперска прецизност. Таквата огнена поддршка ќе биде адут во рацете на руската пешадија.

 

 

Максималната брзина на „Нерехта“ е 30 километри на час, должината е 2,5 метри, а ширината 1,5 метар. Одличните техничко-тактички карактеристики на роботот ѝ овозможуваат на машината не само да биде во улога на војник, туку и да се користи за евакуација на ранети. Во транспортна варијанта роботот може да се користи и за достава на потребната муниција на истурените единици на првата линија на фронтот. Роботот „Нерехта“ не се појавува само во улогата на војник или транспортер. Благодарение на нечујниот електромор тој може да биде и артилериски извидувач кој ги пренесува координатите на целите.

По успешно спроведените испитувања роботот треба да влезе во вооружувањето на копнената војска. Машината може да им помогне на силите за специјални намени во борбата против терористите. Роботите ќе го преземат врз себе главниот удар во најопасните операции што значително ќе ги редуцира загубите во жива сила, што е во основа и целта на воведувањето на роботизираната техника во борбените единици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This