March 29, 2024, 12:25 pm

(Видео)УНИШТЕНА ФОНТАНАТА НА ПЛОШТАДОТ „МАКЕДОНИЈА“: Водената атракција која ги ладеше скопјани, уништена!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фонтаната која го разубавуваше плоштадот „Македонија“ во Скопје и мамеше воздишки на туристите поради негрижата на градските власти е уништена, а заштитните столпчиња се искршени и украдени. Пред почетокот на летната сезона во центарот на Скопје беа пуштени фонтаните на споменикот „Воин на коњ“ и оние на плоштадот Филип Втори, но прскалките на површинската фонтана не проработеа. Причината поради која фонтаната е во оваа состојба е бидејќи Град Скопје нема избрано фирма која ќе ја одржува иако градските власти уверуваа дека фонтаната ќе биде пуштена во функција.

Површинската фонтана се изгради пред три години кога градоначалник беше Коце Трајановски во рамките на проектот за реконструкцијата на плоштадот. Кратко по отварањето на новата фонтана, таа стана атракција во градот. Освен што пушташе млазови вода, таа ги менуваше и боите, а нејзината уникатност особено ги радуваше најмладите кои во вечерните часови шетаа со своите родители во центарот на Скопје.

Еве како пред само 3 години изгледаше плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This