(Видео)УШТЕ ЕДЕН СКАНДАЛ НА ВЛАСТА: Човек кој се претставил како советник на Заев и Љупчо Николовски украл 10 шлепери сливи од земјоделците во делчевско!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делчевчани се на голема мака откако некој ја „злоупотребил“ агонијата на СДСМ за агитирање и убедување на граѓаните за референдумот.

Фото: Meta.mk

Сведоци за Инфомакс велат дека пред одржување на трибината на Зоран Заев во Делчево, лице ја искористило ситуацијата за да ги измами и натера делчевчани да му ја дадат нивната реколта на сливи од годишната берба.

Лицето телефонски стапило во контакт со претседателот на општинската организација на СДСМ – Делчево, Влатко Величковски и наводно во договор со извесен советник на министерот за земјоделие Љупчо Николовски, бил пратен за да врши откуп на сливи за да го ублажи незадоволството од ниската откупна цена на сливата.

Лицето ветувало висока цена, по што претседателот на СДСМ Делчево веднаш телефонски ги информирал своите блиски соработници како и членови и симпатизери на СДСМ за да ги продадат сливите по повисока цена, а парите им биле ветени после одржување на референдумот.

Очиглено дека претседателот на СДСМ Делчево имал сознанија и за други вакви „иницијативи“ и „активности“ пред референдумот, па не му изгледало ништо сомнително, „откупот“ се одвивал забрзано и успеале да се товарат дури 15 шлепери сливи и да заминат од Делчево во непознат правец.

Сливарите од Делчево насетиле дека нешто е сомнително откако еден од понудувачите побарал документ во кој ќе биде заведена цената и количината која тој ја предава. Откако уведеле дека таков документ нема да добијат Делчевчани престанале да ја пердаваат сливата на лиците при што настанало расправија. Откако настанало недоразбирањето лицето набрзина си заминал и оттогаш станал недостапен на бројот кој бил оставен за контакт.

Делчевчани кои се бават со одгледување на сливи се гневни на претседателот на општинската Величковски, некои шпекулирааат дека и тој е дел од измамата, а ваков случај сеуште не е пријавен во полицијата!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This