(Видео)УШТЕ ЕДНА КАТАСТРОФА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Падна хеликоптерот на министерот за внатрешни работи на Мексико

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хеликоптерот кој го превезувал мексиканскиот министер за внатрешни работи Алфонсо Наварете до местото на земјотресот кој го погоди југот на земјата, се урна за време на слетувањето при што настрадале неколку лица.

Ова го изјави мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието додавајќи дека министерот е жив и неповреден.

Наварете во придружба на гувернерот на Оахака Алехандро Мурата и неколку државни функционери патувал кон градот Пинотепа де Сан Луис, околу 600 километријужно од главниот град, каде земјотресот со јачина од 7,2 степени најмногу бил почувствуван.

Мексиканскиот претседател изјавил дека сите во хеликоптерот се неповредени, но неколку луѓе кои биле на тлото настрадале и се повредени во несреќата. Иако точната официјална бројка на жртви не е соопштена, светските медиуми пренесуваат дека починати се две лица.

Наварете изјавил дека пилотот ја загубил контролата над хеликоптерот при слетувањето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This