(Видео)ФЕДОР ЕМЕЛИЈАНЕНКО СО ПОРАЗ ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА: Последниот император нокаутиран во 35та секунда на својата последна борба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ллегендата на ММА, Федир Емелијаненко (38-6) ја загуби својата последна борба во кариерата. Тој во саботата ги одмери силите со Рајан Бадер и доживеа пораз уште во 35та секунда, на реномираниот турнир Балор 214.

Тренерот на руската боречка икона, Петар Тајс, изјави дека Федор во мечот со Бадер влегол неподготвен и не целосно опоравен и дека тој подолго време влечел повреди на рамото и коленото. Тој исто така потврди дека Емилијаненко една недела пред дуелот имал здравствени проблеми и не тренирал доволно, но сепак одлуката била негова да не го откажат мечот. На крајот тој додаде: Мислам дека Федор ќе ја заврши својата кариера, рече Питер Тајс.

Исто така, по натпреварот, Емелијаненко не присуствуваше на прес-конференција, а еден член на тимот рекол дека рускинот имал 9 шавови, од ударот кој го обори во арената.

Вкупно во неговата кариера, Федир Емелијаненко има 45 борби, 38 победи, 6 порази.

На видеото дуелот може да го погледнете на 3:36 минута:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This