(Видео+фото)Демонстранти успеаја да го „заземат“ столот на претседателот на Сенатот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демонстрантите кои упаднаа во зградата на Американскиот конгрес успеаја да го „заземат“ столот на претседателот на Сенатот.

Снимките што се шират на социјалните мрежи го покажуваат нередот што се случи во зградата на конгресот во Вашингтон.

Демонстрантите кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп и неговите тврдења дека изборите се украдени, се собраа пред Конгресот, чии два дома го одржаа заедничкото заседание за да разговараат за резултатите од Изборниот колеџ.

Демонстрантите упаднаа во зградата и стигнаа до салата за состаноци, каде што некои од нив седнаа во столот на претседателот.

Полицијата употреби солзавец пред Конгресот за да ги растера демонстрантите, а градоначалникот на Вашингтон воведе полициски час.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This