(Видео+фото) Конечно решена мистериозната cмpт на фараонот што ја интригира јавноста со години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Современата технологија ја реши мистериозната смрт на фараонот Секененре Тао Втори, кој за кратко време владееше со јужен Египет во средината на 16 век п.н.е. Благодарение на КТ скен на остатоците на фараонот, откриено е дека тој бил свечено погубен откако бил заробен за време на битката со династијата Хиксос.

Новата технологија откри лезии кои биле внимателно скриени од оние кои го балсамирале телото на Фараонот, пишува Дејли Меил.

Според медиумите, мумифицираните остатоци на фараонот , првично откриени во 1881 година во рамките на некрополата во Теба, изгледале како да нема рани на нив , додека на главата на фараонот имало знаци на сериозни повреди, но точната причина за неговата смртта беше предмет на дискусии.

КТ-скенирањето на остатоците од фараонот откри, сепак, претходно неоткриени лезии, а научниците сега утврдија дека рацете на фараонот биле врзани зад грб.

„Ова сугерира дека Секененре навистина бил на фронтот со своите трупи, ризикувајќи го својот живот за ослободување на Египет“, рече палеорадиологот Сахар Салем од египетскиот универзитет во Каиро.
Истражувачите исто така утврдиле дека фараонот најверојатно бил погубен од неколку напаѓачи, бидејќи трагите на повредите на неговото тело укажуваат на тоа дека тие потекнуваат од пет различни видови на оружје.

„За време на егзекуцијата на врзан затвореник, може да се претпостави дека има само еден напаѓач, веројатно од различни агли, но не со различно оружје. „Смртта на Секененре беше свечено погубување “, проценува Салем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This